Connect with us

Други спортови

Федерер повторно на врвот, голем пад на Ѓоковиќ

Роџер Федерер го превзеде првото место на АТП листата, додека Рафаел Надал падна на второто место откако загуби во четвртфиналето на Мастерсот во Мадрид.

Федерер, кој има 36 години, со 8670 поени е повторно на врвот од табелата, по што следат Надал, Зверев, Димитров, Чилиќ и Дел Потро, а потоа Андерсон кој е со седмото го “турна” Доминик Дим, а во Топ 10 се уште се Иснер и Гофен.

Новак Ѓоковиќ падна на 18. место, загуби шест позиции.

Во однос на тенисерите од регионот, Чилиќ е најдобар, Новак е на 18. позиција, Краиновиќ на 26. позиција и е на Кориќ 40. позиција.