Connect with us

Други спортови

Федерер преку Нишокори до полуфинале на Мастерсот во Шангај

Швајцарскиот тенисер Роже Федерер обезбеди пласман во полуфиналето на Мастерсот во Шангај, откако во два сета го победи Кеи Нишикори од Јапонија.

Федерер полесно од очекуваното во четвртфиналето го совлада јапонскиот тенисер со резултат 6:4 и 7:6.

Во натпревар, кој се играше еден час и 54 минути, Нишикори не најде решение за играта на Федерер и не успеа да го запре швајцарскиот тенисер.

Федерер во полуфиналето ќе се соочи хрватскиот тенисер Борна Чориќ.