Connect with us

Други спортови

Федерер се врати на тренинзите по операцијата на коленото

Цирих, 11 септември 2020 (МИА) – Швајцарскиот тенисер и 20-кратен освојувач на Грен слем турнирите, Роџер Федерер се врати на тренинзите по операцијата на коленото.

Според „Tages Anzeiger“ 39-годишниот тенисер следната недела има намера да одржи два тренинга во траење од по 45 минути.

Федерер беше опериран во коленото во февруари и планираше да се врати на теренот за време на сезоната на турнири на трева. Сепак, поради пандемијата на коронавирусите, турнирите на тревната подлога беа откажани.

Швајцарецот беше подложен на дополнителна артроскопска постапка во јуни и ја заврши сезоната пред предвидениот рок. Тенисерот рече дека има намера да игра на Австралија опен во 2021 година. зс/

loading...

Реклама

Facebook

Реклама
Реклама
Реклама
Реклама
WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com