Други спортови
Федерер става крај на кариерата, а еве колку заработил само од тенисот
Роџер Федерер објави дека ќе стави крај на тениската кариера, а се ќе се случи по Лејвер купот.
Федерер во кариерата постигна неверојатни бројки. Тој освои 103 турнири во сингл, вклучувајќи 20 Грен слем, 28 Мастерс 1000 турнири и шест финалиња на АТП.
Тој е единствениот тенисер во историјата кој пет пати по ред го освоил УС Опен, а поседува и неколку други рекорди.
Покрај тоа, тој е третиот тенисер во историјата по бројот на освоени Грен слем турнири, зад Надал и Новак Ѓоковиќ.
Тој успеа да го освои Вимблдон осум пати, Австралија Опен шест пати, УС Опен пет пати и еднаш го освои Ролан Гарос.
Од сите тие турнири тој заработил вкупно околу 130 милиони долари, но секако тоа не е целата негова заработка.
Имено, според Форбс, Федерер во текот на кариерата потпишал договори со кои заработката му се искачила на околу една милијарда долари.
Секако, најголем е кај јапонскиот бренд Uniqlo кој му донесе 300 милиони долари.