Connect with us

Други спортови

Федерер во пензија станува актер?

Учеството на Роџер Федерер во скечот на комичарот и водител Тревор Ноа ја воодушеви неговата сонародничка Белинда Бенчиќ.

Ноа и Федерер снимија видео, возење со швајцарскиот точен воз низ прекрасните предели на Алпите.

Ноа го зачини со шеги, а Федерер со реакции.

Тенисерката Белинда Бенчиќ го виде скриениот талент на Роџер, кој можеби може да го искористи додека е пензиониран од играњето.

„Одличен актер. Мислам дека наскоро ќе го видиме во филм или нешто слично. Би рекла дека беше многу забавно, кога си Швајцарец, добро го разбираш  хуморот. Знаеш, како возот секогаш  доаѓа време, како никогаш не можеш да возиш без билет. Тоа е како најлошото злосторство во Швајцарија. Никој никогаш не го прави тоа. И навистина беше забавно. Целото видео го гледав со широка насмевка на лицето“, коментира Бенчиќ.

Интересно е што Федерер има своја страница на ИМДБ, исполнета првенствено со тениски документарци и некои „камео“ настапи.