Connect with us

Други спортови

Федерер: Возбуден сум поради враќањето на врвот

Швајцарецот Роџер Федерер го осигура враќањето на првото место на листата на најдобри тенисери на светот.

„Волшебникот“ од Базел на првото место се врати со победа во полуфиналето на турнирот во Штутгарт над Ник Кирјос, а на врвот на АТП листата ќе го замени Рафаел Надал

„Тоа беше тежок меч, со многу брејкови, можеше да отиде и во друга насока. Среќен сум што победив и што со оваа победа се вратив на првото место на АТП листата. Возбуден сум поради тоа, но трофејот во Штутгарт многу би ми значел во овој момент“ кажа Федерер.

Легендарниот Федерер во борбата за трофејот ќе игра против Канаѓанецот Милош Раониќ, кој беше подобар од Французинот Лукас Поуиле.

Листата на најдобри играчи (АТП) официјално ќе биде објавена во понеделник.