Фудбал
Фелипе Мело: Договорот беше да се ротираме, за секој по еднаш да го удри Меси
Поранешниот играч на Јувентус, Интер, Фиорентина и Галатасарај, Фелипе Мело, даде една многу интересна изјава.
Имено, во интервјуто во Бразил, тој објасни како се подготвуваа за дуелот со Меси и дека ротираат во круг за секој по еднаш да го удри.
„Тој е одличен фудбалер. Кога игравме против Аргентина, решивме дека сите треба да го удриме по еднаш ако сакаме да го запреме. Договорот беше да се ротира, за да го удриме по еднаш, но не да го повредиме, туку да го пореметиме. Не постои начин да се запре таков играч“, рече Фелипе Мело, додавајќи:
„Требаше да направиме тактички прекршоци врз него. Главната цел беше да го нарушиме неговиот ритам на игра. Кога немаше да го направивме тоа, тогаш моравме да го фаулираме“, заврши Мело.