Други спортови
„Ферари е уникатен болид, но никогаш нема да одам таму“
По гласините дека Луис Хамилтон може да го напушти Мерцедес и да замине во Ферари во 2021 година, се појавија гласини дека заедно со пилотот ќе се пресели и спортскиот директор на Мерцедес, Тото Волф. Двојка што ја испиша историјата на Мерцедес во Формула 1, освојувајќи 5 последователни шампионски титули со германскиот болид.
Во интервјуто, Волф рече дека задоволството што му го даде германскиот гигант нема да го најдеме на друго место, па затоа ги отфрли гласините дека ќе премине кај „црвените“ во иднина.
„Ферари е уникатен болид, но исто така е и Мерцедес, кој ми донесе уникатни емоции. Сите имаа доверба во мене и јас ги наградував со шампионски титули“, рече Волф.
„Јас исто така сум вклучен тука како акционер, така што ако заминам можам да бидам бизнисмен во Мерцедес. Јас нема да одам во Ферари. За Луис не знам, верувам дека ќе се сретнеме во јануари“, додаде Волф