Други спортови
Ферари и Мерцедес со нови мотори на Спа
Мерцедес и Ферари се одлучија да ги донесат своите најнови, надградени мотори за Големата награда на Белгија каде Кими Раиконен и Валтери Ботас ќе добијат казни во пресрет на стартот. Луис Хамилтон и Себастијан Фетел потврдија дека нивните тимови ќе ја користат третата спецификација со што тие ќе бидат на лимитот до крајот на сезоната со каните.
Ботас и Раиконен веќе се на лимитот со делови од моторот и со последнава промена ќе добијат грид казна и ќе стартуваат од крајот на гридот.
„Секоја нова надградба носи подобрувања и секоја можност за дополнителни перформанси за нас е важна. Две трки кои бараат силен мотор се пред нас и ние и Ферари имаме нов мотор во Спа. Ќе биде интересно да видиме до каде сме, но секако ова влева доста самодоверба“, изјави Хамилтон
Раиконен верува дека тој најмногу ќе добие од сите топ 4 возали бидејќи тој до сега вози со првата спецификација на моторот. Неговиот мотор откажа во Шпанија и со тоа веќе не е доследен на програмата за мотори на Ферари. Тој требаше да продолжи со нова верзија на стариот мотор во наредните седум трки.
Покрај Ботас и Раиконен, и Нико Хулкенберг ќе добие казна поради промена на моторот.
krug.mk