Connect with us

Други спортови

Ферари: Леклер и Саинс имаат ист статус

Ферари објави дека во сезоната 2022, Шарл Леклер и Карлос Саинс ќе имаат еднаков статус во тимот.

Во конкуренција на конструктори, Ферари заврши на третото место во 2021 година, зад Мерцедес и Ред Бул, но сите се надеваат дека 2022 година ќе биде подобра и поуспешна. Затоа и порано започнаа подготовките за новата сезона.

Тимскиот шеф Матиа Биното јасно кажа дека возачкото дуо, Шарл Леклер и Карлос Саинс, ќе ја започне сезоната целосно рамноправно по статус, и дека само постигнатите резултати на крајот ќе се свртат во корист на едниот или на другиот доколку е потребно.

„Како што често велам, што се однесува до возачите, патеката е таа што одлучува. Приоритет е секогаш тимот и тука нема што да се зборува, доколку се во позиција да се борат за важно место во првенството, резултатите сами ќе ја донесат одлуката. Понекогаш не се работи само за потенцијалот и талентот на возачот. Секому може да му се случат некои непредвидени работи, оптоварувања, судири… Секако мислам дека не ни треба тоа, да имаме возач број еден или два. „Едноставно ќе разговараме за тоа кога и доколку е потребно“, рече Биното.