Други спортови
Ферари повторно со Шумахер?!
Германскиот возач Мик Шумахер следната сезона ќе биде резервен возач на Ферари. Синот на легендарниот седумкратен шампион Михаел оваа функција ќе ја извршува паралелно со улогата на возач на тимот на Хас.
Мик ќе ја дели позицијата резервен возач на Ферари со поранешниот возач на Алфа Ромео, Антонио Џовинаци.
Џовани ќе биде резерва на 12 трки во сезоната, а Шумахер за 11, кога Италијанецот ќе биде зафатен со трките во Формула Е.
Резервниот возач има улога да го замени редовниот возач на тимот доколку не може да се натпреварува.
Доколку Шумахер мора да „скокне“ во тимот на Ферари, неговото место во Хаас ќе го заземе Бразилецот Пјетро Фитипалди.
Шумахер минатата сезона во Ф1 ја заврши без освоен бод.