Connect with us

Други спортови

Ферари се заканува дека ќе ја напушти Формула 1

Лидерот на тимот на Ферари, Метија Биното се закани со заминување на славниот италијански состав во Формула 1, доколку има кратења на буџетот.

Во Ферари, не се задоволни со предлогот за ограничување на буџетот, кој ќе важи до 2022 година. Според сегашните правилници на Ф1, тимовите можат да потрошат 162 милиони евра годишно, а предлогот е буџетот пропишан во 2021 година да биде 130, а една сезона подоцна 120 милиони евра.

„Овие суми се премногу мали за квалитетен развој на автомобили“ – посочуваат од Ферари, кој е во Формула 1 од 1950 година и по правило скоро секогаш бил еден од најбогатите тимови.

„Ферари не е само икона, туку е и голем генератор на целиот регион, вклучувајќи ја и цела Италија“, рече Биното.

За потсетување, девет од предвидените 22 трки во Формула 1 веќе се одложени или откажани, а јасно е дека нема да се одржат повеќе од 19 трки во 2020 година, додека реалните проценки велат за петнаесет од нив, но не се исклучува можноста да бидат само десет трки.

Како резултат, оваа скратена сезона во Ф1 може да биде многу поинтензивна отколку во последните години