Фудбал
Фердинанд ги исмејува гласината за себе и Мојс: Тоа е бајка измислена од некој
Рио Фердинанд ги коментираше и конечно стави крај на гласината дека Дејвид Мојс, додека работел како тренер на Манчестер Јунајтед, го натера да гледа снимки од игрите на Фил Јагиелка за да ја подобри својата игра.
Мојс го наследи Алекс Фергусон во Јунајтед, кој се збогуваше со клупата на англискиот гигант во 2013 година, но остана на таа позиција само десет месеци.
„Фил беше одличен играч, но сигурен сум дека Дејвид никогаш не би ги покажувал неговите снимки за да можеме да научиме што и како да правиме. Не знам од каде потекнува таа приказна“, изјави Рио за „606 Savage Social“.
Сепак, Фердинанд откри дека не е сè сјајно со Мојс и дека тој и Немања Видиќ се впуштија во сериозна расправија во неколку наврати со тогашниот тренер.
„Тоа е бајка е измислена од некого, но вистината е дека имавме жестоки аргументи. Вида, Мојс и јас се расправавме неколку пати. Не се согласувавме со тоа како правевме некои работи“, рече Фердинанд и додаде:
„Проблемот беше начинот на кој ги браневме стандардните ситуации и слични работи. Тој сакаше некои работи со кои не можевме да се согласиме“.