Connect with us

Фудбал

Фердинанд разочаран: Што е купено? Срам ми е …

Манчестер Јунајтед повторно ги разочара своите навивачи. Трите бода од “Олд Трафорд“ го зеде Барнли и навивачите го напуштија култниот стадион пред крајот.

Беше 2-0 за гостите и Јунајтед сега се најде на петтото место со 34 поени.

Навивачите се разочарани, губат трпеливост и сите се подготвени да побараат заминување на Солскјер.

Легендарниот капитен на „црвените ѓаволи“ Рио Фердинанд имаше што да каже.

„Не гледам тим од 600 милиони фунти на теренот. Што е купено? Јас седам овде и се срамам. Лидерите на клубот мора да направат измени“, беше јасен Фердинанд.

Само мал број навивачи синоќа го дочекаа последниот свиреж, а дали ова ќе сигнализира голема промена останува да се види.