Фудбал
Фергусон: Требаше да го советувам Клоп да оди во Сканторп Јун
Легендата на Манчестер Јунајтед, Алекс Фергусон и менаџерот на Ливерпул, Јирген Клоп, имале љубопитен разговор. Заедно со наградата „Најдобар“ меѓу тренерите во Премиер лигата, во вторникот Германецот го доби и трофејот број 1 за сезоната во името на големиот Шкотланѓанец, за кој гласаа менаџерите во сите дивизии во Англија.
KLOPP PULLED FERGIE BACK IN FOR THE PHOTO 😭😭😭😭 pic.twitter.com/w2CYPpfNFQ
— The Anfield Talk (@TheAnfieldTalk) May 24, 2022
Самиот Сер Алекс го објави победникот и рече: „Ова е агонија, ова е апсолутна агонија…Јирген Клоп. Му реков пред 12 години да оди во историски клуб. Требаше да му препорачам да оди во Сканторп Јунајтед“.
Ферги веројатно мисли на тоа дека со доаѓањето на Клоп тимот од „Енфилд“ си ја врати моќта и се доближи на само една титула од рекордните 20 на Манчестер Јунајтед.
И пред 12 години се случи првата лична средба меѓу двајцата специјалисти. Тогаш не можев да разберам ништо што рече“, одговори Клоп. „Но, јас станав подобар во тоа (за да разберам што велат Шкотите) во мојата работа со Робо и Кени (Енди Робертсон и Кени Далглиш).