Фудбал
Фернандеш ја елиминираше Македонија, па доби нов договор
Португалската ѕвезда Бруно Фернандеш го продолжи договорот со Манчестер Јунајтед до 2026-та година. Информацијата ја потврди самиот англиски тим. Тој на „Олд Трафорд“ пристигна во 2020-та година, досега одигра 78 мечеви и постигна 35 голови.
Инаку, Бруно Фернандеш на мечот со Македонија во дресот со Португалија ги постигна двата гола со кои практично ја елиминираше нашата репрезентација во финалето на бараж мечот за пласман на СП.
2️⃣0️⃣2️⃣6️⃣ 🔴🇵🇹@B_Fernandes8 has penned a new deal at Old Trafford! ✍️#MUFC
— Manchester United (@ManUtd) April 1, 2022