Connect with us

Фудбал

Фернандез како зимска опција

Стандардниот првотимец во дресот на португалскиот гигант Бенфика, Жедсон Фернандез, е најновата желба на раководните лица на актуелниот шампион на Италија, тимот на Јувентус.

Скаутите на “старата дама” во живо го следеа дуелот од Лигата на шампиони, помеѓу Баерн (М) и Бенфика, а во нивните тефтери запишале дека играчот за врска може да биде квалитетно зимско засилување.

Сепак, во договорот на Фернандез има ослободителна клаузула која ќе се активира само со официјална понуда која не е помала од 120 мил. евра.