Други спортови
Ферстапен прв од почеток до крај, голем чекор напред на Мерцедес
Двојниот светски шампион Макс Верстапен славеше на Шпанското ГП, седмото коло од овогодинешниот шампионат во Формула 1.
Возачот на Ред Бул ја освои третата победа во низа, петта сезонава, а 40-та во кариерата, откако водеше од стартот до финишот.
Најблиску до Холанѓанецот беше Луис Хамилтон во Мерцедес, кој заостана околу 20 секунди, додека на третото скалило на подиумот се најде вториот возач на германскиот тим Џорџ Расел.
Верстапен без грешка ја извозе трката во Монмел, на стартот се одбрани од нападот на Карлос Саинц Јуниор од Ферари и потоа не погледна назад. Во одредени моменти само беше предупреден дека излегол надвор од границите на патеката со сите четири тркала, но тоа не го загрози на патот не само до триумф, туку и до најбрзиот круг на трката.
Иако во раната фаза од трката Саинс остана релативно блиску до бранителот на титулата, тој брзо киксираше, а веќе по првите застанувања во боксот беше јасно дека не може да им парира на возачите на Мерцедес, кои направија голем исчекор во однос на претходниот трки. Шпанецот прво немаше одговор на нападот на Хамилтон, а потоа на Расел, а всушност не можеше ништо ниту против другиот возач на Ред Бул, Серхио Перес.
На крајот, Мексиканецот заостана три и пол секунди зад Расел, а речиси 10 пред Саинц, кој мораше да се задоволи со петтото место, пред дуото на Астон Мартин Ленс Строл и Фернандо Алонсо. Строл направи маестрален потег на стартот, претекнувајќи го Хамилтон за третото место, но седумкратниот светски шампион возврати неколку круга подоцна. Осми беше Естабан Окон во Алпина, пред возачот на Алфа Ромео Гуанџу Жоу и тимскиот колега Пјер Гасли.
Покрај апсолутната доминација на Верстапен и напредокот на Мерцедес, Шпанското ГП беше одбележано и со два инциденти, како и лошиот пласман на Шарл Леклер во второто Ферари, кој беше 11-ти по стартот од боксот.По стартот од трета позиција, возачот на Мекларен Ландо Норис го удри Хамилтон и тој мораше веднаш да влезе во бокс и со тоа заврши неговата кампања за поени во Каталонија и тој ја заврши трката на 17. место затоа што беше казнет.
Верстапен на чело на генералниот поредок сега има 170 бодови, втор е Перес со 117, додека Алонсо е трет со 99.
Следната трка во Формула 1 е за Големата награда на Канада на патеката Жил Вилнев на 18 јуни, со директни преноси на Спорт Клуб.