Други спортови
Ферстапен во ексклузивен клуб благодарение на Мерцедес
Макс Ферстапен со победата на последната трка во Абу Даби за првпат стана светски шампион во Формула 1.
Холанѓанецот, исто така, стана 11-ти возач во историјата кој ја освоил титулата без неговиот тим да биде најдобар во конкуренција на конструктори. Ред Бул беше втор зад тимот на Мерцедес.
Последен пат таков случај се случи во 2008 година. Луис Хамилтон дојде до својата прва од седумте титули. Возеше за Мекларен, а најдобар во тимскиот поредок беше Ферари.
Ова е списокот на сите 11 случаи кога возачот бил шампион од едниот тим, а победник во конкуренција на конструктори бил другиот тим.
1958 година: возач: Хауторн (Ферари), тим: Ванвол
1973 година: возач: Џеки Стјуарт (Тајрел), тим: Лотус
1976 година: возач: Џејмс Хант (Мекларен), тим: Ферари
1981 година: возач: Нелсон Пике (Брабам), тим: Вилијамс
1982 година: возач: Кеке Розберг (Вилијамс), тим: Ферари
1983 година: возач: Нелсон Пајк (Брабам), тим: Ферари
1986: возач: Ален Прост (Мекларен), тим: Вилијамс
1994: возач: Михаел Шумахер (Бенетон), тим: Вилијамс
1999 година: возач: Мика Хакинен (Мекларен), тим: Ферари
2008: возач: Луис Хамилтон (Мекларен), тим: Ферари
2021 година: возач: Макс Ферстапен (Ред Бул), тим: Мерцедес