Други спортови
Фетел: Двете заминувања во боксот беа правилна одлука
Возачот на Ферари, Себастијан Фетел, ја оправда одлуката на неговиот тим за два пати да ги менува гумите на трка за Големата награда на Шпанија, што на крајот го чинеше место на подиумот.
Фетел заврши на четвртата позиција, додека неговиот најголем ривал возачот на Мерцедес, Луис Хамилтон, без особени проблеми стигна до победата.
– Гумите не можеа да издржат. Затоа беше јасно дека повторно морам да одам во бокс. Сметам дека тоа беше правилна одлука, истакна Фетел, кој до оваа втора замена на гумите беше на втората позиција.
Техничкиот тим подолго време го задржа неговиот болид во боксот, што му овозможи на Макс Ферстапен од Ред Бул до го претекне.
– Механичарите имаа многу работа околу замената на гумите, а тоа не чинеше време. Во тој период во боксот имаше гужва, наведува возачот на Ферари.
Исто така Фетел призна дека направил грешка со тоа што во боксот дошол премногу брзо.
Тимот на Ферари шанса за поправка ќе има на 27 мај во Монте Карло, кога ќе се вози трката за Големата награда на Монако.