Connect with us

Други спортови

Фетел се појави со скутер на Формула 1 стазата, сега ќе мора да плати казна (ВИДЕО)

Германскиот возач Себастијан Фетел е казнет затоа што возел скутер по тренингот во петокот на патеката Алберт Парк во Мелбурн, пред трката за ГН на Австралија.

Болидот на Фетел се расипа на крајот од првиот тренинг во петокот, а поранешниот светски шампион се врати по тренингот со скутер што го зеде од комесарот на трката и ги воодушеви гледачите и им мавна.

Четирикратниот светски шампион е казнет со 5.450 американски долари затоа што никој не смее да ја користи патеката до пет минути по завршувањето на сесијата, освен оние кои имаат посебна дозвола, пишува Аџерпрес. Сликите на Фетел како вози скутер на патеката Алберт Парк станаа вирални и собраа повеќе од милион прегледи за само неколку десетици минути.