Други спортови
Фетел: Влезот во боксот беше единствената опција
Возачот на Ферари, Себастијан Фетел, заврши на четвртото место на вчерашната трка за големата награда на Шпанија.
Фетел поголемиот дел од трката во Барселона беше на второто место и имаше подиумот, но на самиот крај по совет од тимот на Ферари отиде во боксот што на крајот на го чинеше многу. Германскиот возач заврши на четвртото место, но се обиде да ја оправда одлуката на својот тим.
“Тие ме советуваше дека е најдобро да се оди во бокс, останувањето на патеката не е најдобра опција. Гумите навистина ни се истрошиа многу побрзо од другите. Можеби изгледа дека сме направиле погрешен потег, но не е така”, изјави Фетел, тој додаде:
“Тоа беше добар викенд. Едноставно не бевме доволно брзи и тоа беше тоа. Имавме некои проблеми со гумите што не чини не крајот. Сега мора да видиме во што е проблемот и да го решиме што е можно поскоро”.