Connect with us

Други спортови

Фетел за инцидентот на двата болида на Ферари: Не очекував Леклер да ме претекне

Пилотот на Ферари, Себастијан Фетел го сподели своето мислење за судир со тимскиот колега Шарл Леклер во првиот круг од денешната трка, втора оваа сезона во шампионатот во Формула 1.

– Бев изненаден, не очекував Леклер да се обиде да ме престигне. Автомобилот овој пат беше многу подобар од пред една недела, па штета е што не бевме во можност да го провериме нашето тркачко темпо и нашите ажурирања, изјави Фетел.

По судирот двајцата пилоти беа принудени предвреме да ја завршат трката. Леклер подоцна му се извини на партнерот.