Connect with us

Фудбал

ФФМ: Беше импресивно да се види како и на дожд, над 20 илјади, безусловно ја сакаат и бодрат Македонија

По вчерашниот натпревар против Бугарија се огласија и од Фудбалската федерација на Македонија.

„Од срце упатуваме голема благодарност до сите вас кои дојдовте од сите краеви на Македонија да им дадете поддршка на македонските репрезентативци на Националната арена „Тодор Проески“ на натпреварот против Бугарија. Беше навистина импресивно да се види како и на дожд, повеќе од 20 илјади луѓе, безусловно ја сакаат и бодрат Македонија“, велат од ФФМ.

Од таму додаваат: „На сите ни е жал што репрезентацијата и покрај големиот напор не успеа на крајот да оствари позитивен резултат, но длабоко сме убедени дека ќе бидеме на највисоко ниво на следните натпревари и одново ќе имаме причина за славје пред полни трибини на Националната арена“.

До следниот натпревар, #НапредМакедонија