Connect with us

Фудбал

ФИА го промени правилото за кацигите во Формула 1

ФИА одлучи да го смени правилото за користење на само две различни кациги во текот на сезоната.

Правилото што постои од 2015 година дефинитивно нема да важи во оваа и последователните сезони, а возачите во буквално секоја трка ќе можат да се возат со различна кацига.

Со оглед на тоа што од 2014 годинав секој возач го користи својот број и така се препознава кој болид го возат, ФИА го промени правилото воведено во 2015. година.

Ова правило ќе биде најповолно за Себастијан Фетел, кој користеше дури 65 различни кациги во период од пет години кога настапуваше за Ред Бул.

Новите правила вклучуваат и промена на тежината на автомобилот. Минималната тежина на автомобилот за претстојната сезона, која започнува следната недела во Австралија, ќе биде 746 кг, или 1кг. разлика во однос на претходните сезони, поради додавање на сензори за мониторинг на горивото.