Фудбал
ФИФА го помести Светското клупско првенство
ФИФА објави дека 17-то Светско клупско првенство ќе се одржи во периодот од 1 до 11 февруари 2021 година во Катар.
Новиот датум за одржување на Светското клупско првенство е од 1 до 11 февруари 2021 година во Катар. На овој турнир ќе учествуваат најдобрите клубови од секој континент, како и еден претставник на домаќинот.
Европски претставник следната година ќе биде Баерн Минхен, кој ја освои Лигата на шампионите, а бранител на титулата е англиски Ливерпул.
ФИФА исто така објави дека Светското првенство за фудбалери до 20 и 17 години нема да се одржи оваа година.