Фудбал
ФИФА и УЕФА најавуваат строги санкции – не дозволуваат формирање Суперлига
Раководството на ФИФА предупредува дека секој клуб и секој играч, кој ќе земе учество во Суперлигата, ќе биде исклучен од сите официјални натпевари под капата на ФИФА.
Светската фудбалска федерација (ФИФА) се против на формирањето на европската Суперлига. Неколку месеци се шпекулира дека најбогатите фудбалски клубови ќе формираат своја лига. Ваквото натпреварување ќе ја уништи Лигата на шампионите на УЕФА.
Наводно двајцата разговарале за формирањето на Суперлигата, а неодамна поранешниот претседател на Барса, Бартомеу потврди дека европските гиганти спремаат Суперлига и дека Барселона ќе учествува во тоа натпреварување.
„По повод неодамнешните шпекулации во медиумите за формирање на затворена Европска Супер Лига од некои европски клубови, ФИФА и шестте конфедерации уште еднаш сакаат да потенцираат дека се строго против ваквото натпреварување. На секој клуб или фудбалер кој ќе биде дел од едно такво натпреварување нема да му биде дозволено да настапува на било кое натпреварување организирано од ФИФА или нејзините конфедерации. Универзалните принципи на спортските заслуги, солидарноста, влегувањето и испаѓањето се темелот на фудбалската пирамида што обезбедува глобален успех на фудбалот и како такви се запишани во статутите на ФИФА и конфедерациите. Фудбалот има долга и успешна историја благодарение на овие принципи. Учеството во глобалните и континенталните натпреварувања секогаш треба да се заслужи на теренот“, стои во соопштението на ФИФА.
Сепак, засега сè е тоа само иницијатива, реализација нема сè уште, а ФИФА, УЕФА и останатите главни континентални федерации најавија дека сите фудбалери и клубови што би играле во оваа лига, нема да можат да учествуваат на натпреварувања што главните федерации ги организираат, пред сè на Мундијалите и на Европските првенства.