Connect with us

Фудбал

ФИФА издаде соопштение во врска со проблемите со пристап до билети преку апликацијата

ФИФА издаде соопштение во врска со проблемите со пристапот на натпреварите од Светското првенство во Катар преку апликацијата за билети.

„Моментално, некои гледачи се соочуваат со проблеми со пристапот до нивните билети преку апликацијата на ФИФА. Организацијата работи на решение за овој проблем“, коментира ФИФА.

Во меѓувреме, обожавателите кои не можат да пристапат до нивните мобилни билети треба да ги проверат сметките за е-пошта што ги користеле за да се регистрираат на апликацијата за дополнителни инструкции.

Во случај навивачите да немаат пристап и до нивните електронски сандачиња, билетарата на стадионот може да им помогне.

„Им благодариме на навивачите за разбирањето додека работиме на решавање на проблемот што е можно поскоро“, се додава во соопштението на ФИФА.