Connect with us

Фудбал

ФИФА ја казни Србија за знамето во соблекувалната?: „Изразуваат порака за омраза и геноцид“

По поразот од Бразил, ФИФА покрена истрага поврзана со Србија. Сето тоа поради знамето закачено во соблекувалната на таа репрезентација во пресрет на мечот со Бразил, на кој Косово е прикажано како дел од таа земја.

Ова особено го налути Косово, а многу брзо реагираше и министерот за спорт и култура на Косово, Хајруле Чеку, кој се огласи на Твитер со силна порака:

„Срамните слики од српската соблекувална, пренесуваат пораки за омраза, ксенофобија и геноцид кон Косово за време на Светското првенство. Очекувам конкретни акции од ФИФА, со оглед на тоа што Фудбалскиот сојуз на Косово е полноправна членка на ФИФА и УЕФА“.

„Светското првенство е настан кој треба да шири радост и единство и да испрати пораки за надеж и мир, а не за омраза. Бараме ФИФА да преземе мерки против ваквите дејствија“, велат од Косовскиот фудбалски сојуз.

ФИФА исто така излезе со соопштение.

„Дисциплинската комисија на ФИФА започна истрага против Српскиот фудбалски сојуз поради знамето закачено во соблекувалната пред натпреварот со Бразил врз основа на член 11 од Дисциплинската регулатива и член 4 од правилникот на Светското првенство во 2022 година“.

Спорното знаме и натписот „Косово е Србија, нема предавање“ не го коментираа од српската федерација:

„На оваа прес-конференција ќе зборуваме само за натпреварот. Нема да се занимаваме со теми кои немаат допирни точки со натпреварот против Камерун“