Фудбал
ФИФА казни шест клубови за неисплатени плати
ФИФА казни шест клубови, вклучувајќи и еден од Русија и Турција, за неисплатени плати на играчите и на тој начин можно е намалување на бодовите во лигите во кои играат.
Кубан од Втора Руска лига е казнет со 12.900 евра од страна на Дисциплинската комисија на ФИФА, а да се избегнат понатамошни санкции, како и одземањето на поени и забрана за доведување нови играчи, клубот има 30 дена да изврши плаќање.
Светската фудбалска куќа, на турскиот фудбалски клуб Мерсин им изрече казна од 17.160 евра, кој за разлика од Кубан има рок за плаќање од два месец.
ФИФА, исто така, ги казнил Ал Араби и Ал Каратига од Катар, како и Замалек Спортинг од Египет и Ал Џезира од Обединетите Арапски Емирати со парични казни од 21.000 до 25.800 евра.
Дисциплинската комисија на ФИФА, исто така, го казни Фудбалски сојуз на Египет со 43.000 евра, бидејки не го испочитува рокот за одмор на играчите пред Севетското првенство кој беше од 21 до 27 мај. Тие играа пријателски натпревар со Кувајт во тоа време.