Фудбал
ФИФА ќе го истражува скандирањето на еквадорските навивачи на мечот со Катар
Меѓународниот одбор на фудбалска асоцијација (ФИФА) отвори дисциплинска истрага за скандирањето на навивачите на Еквадор за време на воведниот натпревар на Светското првенство против домаќинот Катар.
ФИФА не откри за какви скандирања станува збор, но рече дека го прекршила членот 13 од дисциплинскиот кодекс, кој вклучува дискриминаторски или навредливи зборови. Еквадор во неделата го победи Катар со 2-0.
FIFA launched disciplinary proceedings on Tuesday over chants by Ecuador fans during their World Cup opener against hosts Qatarhttps://t.co/S7K6G384tt
— NDTV Sports (@Sports_NDTV) November 23, 2022
„Дисциплинската комисија на ФИФА отвори постапка против Фудбалската асоцијација на Еквадор поради скандирање на еквадорските приврзаници за време на натпреварот од Светското првенство на ФИФА меѓу Катар и Еквадор на 20 ноември“, се вели во соопштението на Меѓународниот штаб.
Ова е прв случај на Мундијалот кој е доставен до Дисциплинската комисија. Светското првенство во Катар ќе продолжи до 18 декември.