Connect with us

Фудбал

ФИФА подготвува револуција, воведува ново офсајд правило! Напаѓачите слават, дефанзивците бесни – еве што се менува!

ФИФА подготвува ново правило за офсајд и воведува револуција во фудбалот кога е во прашање недозволената позиција. Според странските медиуми, тестирањето ќе се изврши веќе во сезоната 2023/24 во Холандија, Италија и Шведска. Сеуште не се знае дали ќе стартуваат од најсилните лиги или од пониските конкуренции.

На напаѓачите ќе им се допадне промената на правилата, на дефанзивците сигурно не. Имено, според новото толкување, офсајд важи само доколку целото тело на напаѓачот е пред последниот одбранбен играч. На пример, ако едната нога остане во линија со последниот одбранбен играч, а другата нога и тело се напред, тогаш играчот е во легална положба и судиите нема да делуваат.

Според сегашните правила, ако некој дел од телото со кој може да се постигне гол е пред последниот одбранбен играч, тогаш тоа е офсајд. Така се случи головите да бидат поништени поради неколку милиметри. Ниту тоа не им се допадна на сите, иако новата промена воведува многу големи промени. Прашање е дали ќе се воведе, а еден од поборниците на оваа нова идеја е легендарниот тренер Арсен Венгер.