Connect with us

Фудбал

ФИФА упати „закана“ до Доналд Трамп

Претседателот на САД, Доналд Трамп се закани дека ќе ги бојкотира натпреварите на МЛС, ако играчите не стојат за време на интонацијата на химната.

Забраната за клекнување за време на химната беше воведена откако американскиот фудбалер Меган Рапино клекна за време на изведбата на химната за поддршка на поранешниот играч на НФЛ, Колин Каперник. Правилото беше воведено во 2017 година, а беше укинато минатата недела.

Трамп најави дека нема да гледа НФЛ или МЛС натпревари доколку играчите не застанат на нозе за време на интонацијата на химната. Сега тој доби одговор од Светската фудбалска федерација (ФИФА).

„ФИФА силно се залага за толеранција, меѓусебно почитување и здрав разум кога се расправа за важни теми. ФИФА има нула толеранција за сите форми на дискриминација во фудбалот. Сите мора да му кажеме не на расизмот и насилството“, рече ФИФА.