Connect with us

Фудбал

Фил Невил останува во Интер Мајами

Тренерот на Интер Мајами, Фил Невил, потпиша нов договор со клубот, кој ќе го задржи во тимот и следната сезона во Мејџор Лигата на фудбалот.

Актуелниот договор на Невил требаше да истече на крајот на годината, но откако тој го одведе Интер во плеј-офот за МЛС оваа кампања, управата одлучи да го задржи уште една година.

„Многу сме задоволни што ќе продолжиме со нашето партнерство со Фил и ќе ги надградиме темелите што ги поставивме оваа година“, коментираше директорот за фудбал на клубот Крис Хендерсон. „Тој изгради победнички менталитет во Интер Мајами и веруваме дека нашата заедничка работа почнува да вроди со плод. Подготвени сме за патот по кој треба да чекориме и убедени сме дека одиме во вистинската насока“, додаде Хендерсон.

Невил го презеде Интер во јануари 2021 година и има 72 натпревари на чело на тимот, на кои забележа 28 победи, 32 нерешени и 12 порази.