Connect with us

Фудбал

Филипе Кутињо потпиша за Астон Вила, Стивен Џерард воодушевен

Бразилскиот фудбалер Филипе Кутињо и официјално е нов член на Астон Вила.

Астон Вила вечерва го потврди доаѓањето на Кутињо на шестмесечна позајмица, откако претходно фудбалерот на Барселона беше на лекарски преглед и доби работна дозвола.

Тој од среда ќе тренира со новите соиграчи, а топло добредојде му посакаа менаџерот на клубот и неговиот поранешен соиграч Стивен Џерард.

„Тој е одличен играч, со импресивно резиме. Многу сум среќен што успеавме да го донесеме и со нетрпение очекувам да работам со него“, изјави Џерард за Кутињо.

Самиот играч не го криеше задоволството што се врати во Премиершип. Да потсетиме, тој од 2013 до 2018 година го носеше дресот на Ливерпул и на 201 натпревар постигна 54 гола.

Играше и за Баерн, Еспањол, Интер, Васко де Гама и Барселона, но за него немаше место во тимот на Чави, па беше договорено да замине на позајмица.

Астон Вила ќе има можност да го откупи договорот на играчот доколку одигра добра полусезона, но секако, ќе се прашува и Барселона.

Реклама

Facebook

Реклама