Финале во Монтреал: Надал против Медведев

Првиот носител, Рафаел Надал од Шпанија и осмиот фаворит, Данил Медведев од Русија ќе играат во финалето на АТП турнирот во кандаски Монтреал.

Ова е епилогот по полуфиналната фаза во која Медведев го совлада шестиот носител и сонародник Карен Хачанов со 2:0 за еден час и 24 минути.

Другото полуфинале не се одигра. Надал без борба запиша победа над францускиот тенисер Гаел Монфилс кој се повлече поради повреда на скочниот зглоб.

Наградниот фонд на турнирот на престижниот турнир во Монтреал изнесува 5,7 милиони долари.