Фудбал
Финалето на африканската Лига на шампиони ќе биде во Мароко
Финалето на африканската Лига на шампиони ќе се игра во Мароко на 30 мај, потврди денеска Африканската фудбалска конфедерација, цитирана од агенцијата Франс прес. „CAF доби понуди од Сенегал и Мароко, но по повлекувањето на сенегалскиот предлог, Мароко доби право да го организира натпреварот“, соопшти организацијата.
CAF не прецизираше во кој град ќе се игра финалето на најпрестижниот турнир на континентот, но можни домаќини се Агадир, Казабланка, Маракеш, Рабат и Тангер.
Египетскиот Ал Ахли, десеткратен африкански шампион, победи во последното издание на турнирот над јужноафриканскиот Кајзер Чифс (3-0) на стадионот Мохамед V во Казабланка.
Одлуката втора година по ред да биде домаќин на финалето на Лигата на шампионите во Мароко, тешко дека ќе му угоди на Ал Ахли, бидејќи има одлична можност тимот да игра против Мароканецот Видад Казабланка во мечот за трофејот.
Со надеж дека ќе ја освои третата последователна титула, Ал Ахли побара од претседателот на CAF, Патрис Моцепе, да биде домаќин на финалето на неутрална територија, но безуспешно.
Во полуфиналето минатиот викенд, Видад во Ангола го победи Петро Луанда со 3-1, додека Ал Ахли на домашен терен со 4-0 ја совлада алжирската Антанта Сетиф. Реваншите се играат во петок и сабота.