Фудбал
Финалето на СП 2026 ќе се игра во Далас пред 100.000 гледачи
Финалето на Светското првенство во 2026 година ќе се игра на стадионот АТТ во Далас, објави ЕСПН.
НФЛ тимот Далас Каубојс своите натпревари ги игра на стадионот, со капацитет од 80.000 седишта, но за потребите на Мундијалот тој ќе биде зголемен за дополнителни 20.000 места, а финалето ќе се игра пред 100.000 гледачи.
Покрај САД, организатори на Мундијалот во 2026 година се и Мексико и Канада.
World Cup final in Dallas? 🤯👀
(h/t @herculezg, @espnsutcliffe) pic.twitter.com/MNnkYXtaDO
— ESPN FC (@ESPNFC) September 27, 2022
Светското првенство во 2026 година ќе биде првото на кое ќе учествуваат 48 репрезентации поделени во 12 групи, а натпреварите се играат на 11 стадиони во САД, три во Мексико и два во Канада.
Организаторите одлучија натпреварите да се играат на стадионите во Бостон, Њујорк, Филаделфија, Атланта, Мајами, Канзас Сити, Далас, Хјустон, Лос Анџелес, Сан Франциско, Сиетл (САД), Торонто и Ванкувер (Канада), како и Мексико Сити, Гвадалахара и Монтереј (Мексико).