Други спортови
Финалистката на АО се откажа од турнирот во Мелбурн
Американската тенисерка Џенифер Брејди нема да учествува на Австралија опен, објавија организаторите на првиот Грен слем сезонава.
Финалистката на овогодинешното издание на турнирот во Мелбурн реши да се повлече поради проблем со левото стапало.
Поради таа повреда, 26-годишната девојка нема играно од Синсинати, кога и го предаде мечот од второто коло на Јелена Остапенко.
Брејди го постигна најголемиот успех на Грен слем турнирите во Мелбурн годинава, бидејќи стигна до финалето. Таа во борбата за титулата со максимален резултат загуби од Наоми Осака.
Од Австралија опен се откажа и четвртата тенисерка во светот, Каролина Плишкова, а на првиот Грен слем сезонава нема да бидат ниту Серена Вилијамс, ниту Бјанка Андреску.
Натпреварот во Мелбурн започнува на 17 јануари.