Connect with us

Фудбал

Финансиска криза во Рома, мора да продава, „бисерот“ оди во Јуве?!

Како што наведува италијанскот новинар Алфредо Педула, Рома ќе биде принудена да го продаде 21-годишниот играч за врска Заниоло. Тој кариерата најверојатно ќе ја продолжи во Јувентус, кој е заинтересиран за него. Наводно „Старата дама“ ќе испрати понуда во висина од 50 милиони евра, што најверојатно ќе биде доволно Рома да се согласи да го продаде.

Заниоло „експлодираше“ во дресот на Рома, а дојде од Интер. Според одредени италијански медиуми, интерес за него има и од Реал Мадрид.