Фудбал
Фиорентина го враќа Кутроне?
Фиорентина, наводно, планира да го испрати напаѓачот Патрик Ктроне назад во Вулверхемптон.
Кутроне пристигна во Фиорентина во јануари, на 18-месечен заем со можност да го откупи договорот, а се шпекулира дека цифрата изнесувала околу 16 милиони евра.
Сепак, со само девет настапи и еден гол, Кутроне може да се врати назад. „Дејли меил“ пишува дека Фиорентина сака да го скрати заемот и да го врати Кутроне затоа што тие сакаат да најдат поискусен напаѓач кој би формирал тандем со младиот Душан Влаховиќ во иднина.
Кутроне исто така имал несреќа да се зарази од коронавирусот за време на пандемијата. За среќа, сето тоа со вирусот веќе некое време е зад него.
22-годишниот Кутроне се пресели од Милан во Вулверхемп минатото лето во трансфер вреден до 23 милиони евра. Тој не успеа да го импресионира тренерот на Волците бидејќи постигна три гола на 24 настапи. Сепак, Крутоне јавно истакна дека научил многу за време на краткиот период во Премиер лигата.
Доколку се скрати заемот на Кутроне во Фиорентина, за него тешко дека ќе има место во екипата на Волците следната сезона, па веројатно ќе има нов трансфер или заем.