Фудбал
Фиорентина збесна на Милан, погледнете ја причината
Во Фиорентина му се „лути“ на Милан бидејќи „росонерите“ ги спречија навивачите на „виолетовите“ да купат билети за секторот за гостински симпатизери на „Сан Сиро“. Претседателот на Фиорентина Џо Бароне се пожали дека премалку навивачи на тимот ќе имаат можност да ги поддржат своите миленици во живо против кандидатот за шампион и лидер во поредокот во Серија А, Милан . Седумкратниот европски клупски шампион и гостува на Фиорентина во многу важен натпревар за двата тима на 1 мај. Додека Росонерите се борат за титулата со својот градски ривал Интер , Фиорентина се бори за петтото место, но ги намали шансите за него по двата последователни порази во првенството, односно од Салернитана и Удинезе.
Незадоволството на Бароне и Тосканците го предизвика тоа што Милан случајно им дозволи на своите навивачи да купат билети за секторот наменет за гостинските навивачи.
„Разговарав со (претседателот на Милан) Паоло Скарони и му кажав што мислам. Ни беше покажано непочитување – и кон навивачите и кон клубот. „Милан е свесен дека сме многу лути поради оваа ситуација, да видиме што ќе се случи во недела и дали ќе имаме повеќе билети на располагање“, рече бесниот Барон за SportMediaset.