Други спортови
Фјури: Ако сакате борба, изјаснете се до 1. септември
Тајсон Фјури, светскиот шампион во верзијата ВБЦ, им даде рок на заинтересираните да ја организираат неговата борба со Александар Усик за титулата апсолутен шампион на планетата во тешка категорија.
Тој истакна дека секој има седум дена да ја претстави својата понуда, односно до 1 септември. Ако не го направат тоа, нема да има ништо од борбата.
„Сите имате седум дена, до 1 септември, да понудите регрут. Ако не сакаш, ти благодарам. Одам во пензија како што најавив. И секако сите понуди мора да бидат потврдени од мојот адвокат Роберт Дејвис. Потпишани и со доказ дека ќе бидат платени. Нека започнат игрите“, напиша тој на својот официјален Твитер профил.
Фјури објави дека го напушта боксот и дека ќе се врати само доколку добие 150 милиони евра за борбата со Усик. Во досегашната кариера Тајсон има 32 победи и едно реми, додека Усик во професионалната кариера 20 пати влегувал во рингот и секој пат излегувал како победник.
.@frankwarren_tv @trboxing @espn @WBCBoxing pic.twitter.com/wQHKjXgm7S
— TYSON FURY (@Tyson_Fury) August 24, 2022