Други спортови
Фјури ги почна подготовките
Поранешниот шампион во тешка категорија, Британецот Тајсон Фјури, ги почна подготовките за најавениот ревнш – дуел со Американецот Дионтеј Вајлдер. Тој е во Марбела, а заедно со него е личниот тренер Бен Дејвисон.
Фјури беше надвор од боксот неколку години и се лекуваше од алкохол, дрога и депресија. Токму во Марбела започна неговиот пат кон покајувањето, каде што заедно со Дејвисон се подготвуваа за борбите. Сега се враќа назад и се подготвува за меч против Вајлдер.