Други спортови
Фјури одговори на барањето на Мајк Тајсон за борба
Промоторот на Тајсон Фјури во САД, Боб Арум, ја отфрли идејата, светскиот шампион во тешка категорија да се бори во рингот против поранешниот шампион Мајк Тајсон.
Фјури откри дека му бил понуден да се бори против Тајсон во добротворен изложбен натпревар.
Тајсон долго време се подготвува да се врати во боксот, тој постојано објавува снимки од напорно вежбање и ги повика некои стари ривали и борците од УФЦ да се соочат со него.
Но, Арум смета дека соочувањето на Британецот кој ја има светската титула ВБЦ со 53-годишникот воопшто не е мудро и не треба да се случи.
„Ако тоа е само малку сериозно, јас дури и не сакам да бидам дел од нешто што може да биде навистина смртоносно“, рече Арум за Sky Sports.
„Мајк Тајсон беше голем борец, но тој сега е во своите 50-ти години“, додаде тој.
„Тој не треба да се бори против боксерот кој штотуку го достигна својот врв во своите 30-ти години. Не е фер и никој не смее да поттикне таква борба“, рече тој.