Connect with us

Фудбал

ФК Гостивар има нов напаѓач, играл за Динамо Загреб

Ијаји Атиемвен е нов фудбалер на Гостивар. Новиот прволигаш, донесе неколку нови фудбалери, а Атиемвен е уште едно засилување за нападот. Има импресивна биографија, играл во Турција, за Кајзери, Манисаспор,во Хрватска за Горица, Динамо Загреб, Локомотива, во Кипар за Омонија, во Молдавија за Шериф Тираспол. Има 27 години, од Нигерија е, а освен како напаѓач може да игра и на крилните позиции.