Connect with us

Фудбал

ФК Шкупи ќе помине само со парична казна

ФФМ изрече казна за фудбалскиот прволигаш Шкупи. 

Раководството на ФК Шкупи за инцидентот на средбата со Силекс кога на трибините беше физички нападнат снимателот на ФФМ ќе плати само парична казна од 1200 евра додека директорот на клубот и комесар за безбедност Омер Буњаку е суспендиран на 4 месеци поради како што е наведено лошо однесување на средбата со кратовци.

Клубот остана без суспензија иако е одговорен за тешкиот инцидент како домаќин и организатор на натпреварот.