Connect with us

Фудбал

ФК Шкупи одбива да се тестира во „Аџибадем Систина“, не веруваат на овие тестови

Фудбалскиот клуб Шкупи одбива да се тестира во „Аџибадем Систина“, односно со нивните тестови преку мобилната болница, обезбедени преку Синдикатот на фудбалерите на Македонија. Како што велат од овој клуб тие сакаат да се тестираат сами во државна болница.

-Како клуб не прифативме да направиме тестови во болницата „Аџибадем Систина“, а пред неколку денови побаравме да бидеме тестирани од Државната болница на Република Македонија и чекаме да ни биде соопштен датумот за тестирањето, велат од овој клуб.

Водно тимот од Чаир тврди:

-Веќе неколку дена целиот тим е во карантин во просториите на нашиот клуб, сместени во нивните простории, додека пред и после секој тренинг ја мериме нивната телесна температура. В исто време сите оброци  се во росторанот ФК Шкупи. Значи, сè е под контрола, велат од ФК Шкупи.

Од „Аџибадем Систина“ велат дека Шкупи го нарушил нивниот углед со ова и најави дека ќе поднесе кривична.

Тестирање во јавните здравствени институции најави и фудбалскиот клуб Струга Трим Љум.

Пред само неколку дена ФФМ најави рестартирање на сезоната, но по тестирањата, четворица членови на ФК Ренова и двајца на ФК Шкендија се покажаа позитивни на коронавирус.