Фудбал
Флик му одржа лекција на најголемото летно засилување на Баерн
Интересна ситуација се случи на мечот Баерн Минхен-Баер Леверкузен, а во главна улога беа тренерот на Баерн, Ханси Флик и фудбалерот Лирој Сане.
„Навистина сакавме да победиме. Желбата на моите играчи беше забележлива. Губевме од Баер за време на натпреварот само поради нашето невнимание. Сега сите не казнуваат за грешките, но Баерн има доволно квалитет да победи повторно и повторно. Ова го тера тимот да верува во себе до последната секунда. Оваа година ја завршивме одлично“, – ги цитира прес-службата на Баерн зборовите на Флик.
Во 32. минута се повреди Коман, па наместо него во екипа влезе Сане, кој е скапо платено засилување на Баварците.
Меѓутоа, Сане на теренот беше до 68. минута, кога Флик реши да го замени и на теренот да испрати друг фудбалер.
Сане беше непријатно изненаден од одлуката на искусниот тренер, но сепак мораше да го почитува неговото барање, па остана до крајот на мечот и незаинтересирано гледаше што се случува.