Connect with us

Фудбал

Флоренци пристигна во Париз

Париз, 11 септември 2020 (МИА) – Дефанзивецот на Рома, Алесандро Флоренци пристигна во Париз, стои на веб-страницата на новинарот Џанлука Ди Марцио.

Според изворот, 29-годишниот Италијанец долетал до престолнината на Франција за да биде подложен на лекарски преглед пред да потпише за Пари Сен-Жермен.

Објавено е дека играчот ќе се префрли во тимот на позајмица до крајот на сезоната 2020/21.

Последните шест месеци, Флоренци беше на позајмица во Валенсија, играше на 12 првенствени натпревари во Шпанија.

loading...

Според порталот „Transfermarkt“, проценетата цена на дефанзивецот е 10 милиони евра. зс/

Реклама

Facebook

Реклама
Реклама
Реклама
Реклама
WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com